Семејството Фридкин, новите сопственици на италијанскиот калчолигаш Рома, сакаат да направат популарен потег и да го вратат легендарниот Франческо Тоти во клубот. „Принцот на Рим“ имаше несогласувања со поранешните челници и замина, но новиот извршен директор Фиенг веќе имал преговори со Тоти и му понудил да се врати назад на голема врата со важна функција.
Секако дека фановите на „волчицата“ ќе го поздрават овој потег на новото раководство, а во опција се две опции, Франческо Тоти да биде потпретседател или пак спортски директор на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА