Рома и Мурињо им се вратија на победите – лесно против Емполи (ВИДЕО)

Рома се рехабилитираше од поразот од Лацио во претходното коло со победа од 2-0 во дуелот против Емполи. Избраниците на Жозе Мурињо со оваа победа стигнаа до петиот триумф во сезоната во седум одиграни натпревари.

Рома поведе во 42. минута преку Пелегрини, а конечниот резултат го постави Мктаријан во 48. минута.

 

Се вчитува...