Рома изгоре на „Камп Ноу“, Џеко влеа мала надеж

Барселона обезбеди предност од 3-1 против Рома по првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите. Италијанскиот тим не го издржа притисокот, и си постигна два автогола, по што домаќинот играше многу полесно. Но, Един Џеко во завршницата даде гол што и реваншот ќе го направи интересен.

Во 38.минута, Даниеле Де Роси ја затресе стопствената мрежа во обидот да го спречи додавањето од Иниеста кон Лионел Меси. Во вториот дел, Костас Манолас исто така беше стрелец на автогол, а во 59.минута Жерар Пике го постигна третиот гол за Барселона. Надеж за Рома пред реваншот даде голот на Един Џеко постигнат во 80.минута од мечот, но Луис Суарез го постави конечниот резултат, 4-1 во корист на Барселона.

Се вчитува...