Рома, конечно, го купи Нзонзи

Стивен Нзонзи својата кариера ја продолжува во Рома откако „волчицата“ конечно успеа да постигне договор со Севилја за ангажман на овој одличен играч за врска. Токму францускиот репрезентативец беше главна желба на римскиот клуб откако беше продаден Наинголан во Интер, Севилја веќе одби неколку понуди, за денеска да ја прифати сумата од 35 милиони евра за Нзонзи.

Самиот фудбалер веќе ги имаше договорено личните услови, па по денешните лекарски прегледи ќе потпише четиригодишен договор за плата од загарантирани три милиони евра по сезона, со бонуси со кои оваа сума лесно ќе се искачи на 3,5 милиони евра годишно.

Севилја наследникот на Нзонзи ќе се обиде да го ангажира од Италија, откако шпанскиот прволигаш веќе стартува преговори со Интер за доведување на Португалецот Жоао Марио.

Се вчитува...