Рома реди победи од по 1-0

Рома продолжува со неимпресивни игри да собира бодови во Серија А, откако „римската волчица“ трет натпревар по ред славеше со минимални 1-0. По дуелите со Торино и со Кротоне, денеска на „Олимпико“ падна Болоња, со погодокот што го постигна Ел Шарави со прекрасен волеј удар по корнерот на Пелегрини.

Римскиот клуб има 24 бода, четири помалку од лидерот Наполи, кој има и меч помалку, оној утрешниот на домашен терен против Сасуоло.

Се вчитува...