Рома си најде нов дефанзивец во Торино

Рома конечно ја заврши потрагата по нов дефанзивец договарајќи го трансферот на Армандо Ицо од редовите на Торино. Овој 28-годишен дефанзивец ќе пристигне на позајмица, но „волчицата“ ќе биде обврзана следното лето целосно да го откупи неговиот договор со „торинезите“ за сума од 22 милиони евра.

Тренерот Фонсека инсистираше токму на Ицо поради фактот дека станува збор за играч што најдобро делува во формација со тројца дефанзивци, тактика што се очекува стратегот на Рома да ја применува во наредната сезона.

„Волчицата“ не се откажува ниту од намерата да го врати Крис Смолинг на „Олимпико“. Англискиот дефанзивец не е дел од плановите на Солскјер, Рома одби да плати 15 милиони евра за негов трансфер, понуди само 9,5 милиони евра и чека на одговор од „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...