Рома со ист рецепт – еден гол за три бода

Рома ја забележа и втората гостинска победа во низа откако „волчицата“ по голема битка триумфираше против Парма. Идентично како и пред една седмица во Венеција, избраниците на Раниери повторно одиграа дисциплинирано во нападот, а една шанса им беше доволна на спротивната страна за да стигнат до цел плен.

Зуле беше херојот на римскиот клуб на „Енио Тардини“ откако засилувањето од Јувентус блесна во вистински момент, постигнувајќи еврогол од слободен удар.

Ова беше осми меч без пораз во серија за Рома во Калчо-лигата со што тимот на Раниери остана на деветтото место, но со намалување на заостанувањето зад Болоња и Фиорентина.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...