Рома спреми „бомба“: Сари и Паратичи „во пакет“ на „Олимпико“

Новото раководство на Рома најавува коренити промени во клубот, а лесно може да се случи „волчицата“ да го почне пазарењето со ангажман на првиот оперативец на Јувентус, Фабио Паратичи. Токму Паратичи беше единствениот што отворено му даваше поддршка на Сари, поради што влезе во конфликт со претседателот Ањели. Тој се спротивставил и на идејата Андреа Пирло да биде именуван за нов тренер нa „старата дама“, па дел од медиумите најавуваат дека Паратичи до крајот на месецов ќе добие отказ и ќе биде донесен нов директор со кој новиот тренер би имал беспрекорна соработка.

Тоа го очекуваат и новите газди на Рома, кои сакаат токму Паратичи да го гради новиот проект на „волчицата“. Доколку оваа опција се реализира, тогаш нов тренер на „римската волчица“ ќе стане Маурицио Сари. Екс-тренерот на Рома имаше извонредна соработка со спортскиот директор, па нема сомнеж дека токму Сари ќе биде прва опција за нов стратег, особено ако се земе во предвид незадоволството од работата на актуелниот тренер Фонсека.

Во меѓувреме се очекува Рома да ги интензивира преговорите за играчкиот кадар, ако се знае дека Ундер е блиску до трансфер во Наполи, Џеко бара да си замине од клубот, додека Крис Смолинг го напушти тимот на Рома откако старата управа не се договори со Манчестер Јунајтед за откуп на неговиот договор со „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...