Рома триумфално на гостувањето против Каљари (ВИДЕО)

Рома дојде до 13-та победа сезонава во Серија А, славејќи со 3-4 на гостувањето против Каљари во 26. коло.

Римјаните имаа негатива откако домашните поведоа со голот на Жоао Педро во 29. минута, но со двата гола на Калиниќ уште пред полувремето Рома дојде до предност.

Во вториот дел Клајверт во 64. минута донесе и 1-3, Переиро намали во 75. минута на 2-3, а Коларов во 81. минута повторно донесе предност од два гола за гостите. На крајот Каљари со вториот гол на Жоао Педро успеа само да го ублажи поразот.

Се вчитува...