Рома започна преговори со „новиот“ Лука Модриќ

Калчолигашот Рома започна преговори со младата ѕвезда на Динамо Загреб, Анте Чориќ. Спортскиот директор Мончи ја стави хрватската надеж како една од главните транферни цели на „римската волчица“ за следното лето, но поголемиот дел од работата сака да ја заврши зимава, за што побрзо да го осигура потписот на „новиот“ Лука Модриќ.

20-годишниот хрватски репрезентативец веќе долго време е под „лупата“ на европските гиганти како Јувентус, Манчестер сити, Реал Мадрид, Ливерпул, но Рома е таа што го прави првиот потег за ангажман.

Чориќ во дресот на Динамо Загреб досега настапи во 128 наврати во сите натпреварувања со постигнати 22 погодоци и исто толку асистенции,  додека за репрезентацијата на Хрватска забележа три настапи и се уште го чека својот првенец.

Се вчитува...