Роман Грожан се враќа во Формула 1!

Францускиот возач, Роман Грожан ќе се врати во Формула 1 прв пат по драматичниот судар кој го имаше за големата награда на Бахраин минатата година. 35-годишникот ќе го тестира болидот на Мерцедес на патеката „Пол Рикард“ во Франција.

„Филмското бегство“ на Грожан од болидот на Хас минатата година го привлече вниманието на целиот свет. Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф го повика Роман да соработуваат, па затоа на 29. јуни на посебно организирано тестирање ќе го вози болидот на Хамилтон од 2019 година.

 

Се вчитува...