Романија остана без уште еден играч пред баражот со Македонија

Машката ракометна репрезентација на Романија се соочува со серија проблеми со повреди на играчите пред јунскиот бараж за СП 2019 против Македонија. Поради повреда вон строј е нивниот најдобар играч Александре Шимицу, а настапот во баражот ќе го пропушти и средниот бек, Кристијан Феничи.

Капитенот на Темишвар се повред со ЧСМ Букурешт во романскиот плеј-оф. Според соопштението од клубот, Феничи има повреда на стапалото на левата нога и делумна руптура на мускулот и ќе биде надвор од терен четири до шест недели.

Со тоа речиси е сигурно дека Кристијан Феничи нема да му биде на располагање на селекторот Чави Пасквал за подготовките и настапот со репрезентацијата на Романија во баражот за СП 2019.

Првиот натпревар од бараж двомечот меѓу Македонија и Романија е на 10 јуни во Скопје, а реваншот ќе се одигра на 13 јуни во Клуж.

Се вчитува...