„Романтичарите“ ја пречекуваат Победа, „пандевци“ на гости во Битола

Работнички сака да им се врати на победите, а денеска на арената „Филип Втори“ ќе ја пречека Победа во рамките на 15.коло од Првата фудбалска лига. Напаѓачот Чарлс Гофри очекува триумф за „романтичарите“.

„Оваа пауза во првенството ја искористивме максимално за да се воиграме подобро. Мислам дека сега функционираме беспрекорно како тим, а и јас лично се подобро се приспособувам на македонскиот фудбал. Лигата е квалитетна, секој противник е нов предизвик, и Победа секако ја респектираме. Но, размислуваме единствено за триумф и за освојување на трите бода“, порачува Чарлс Гофри.

Пелистер под „Тумбе кафе“ ќе биде домаќин на Академија Пандев, Скопје ќе го нагости Шкупи, а во Кратово ќе ги одмерат силите Силекс и Шкендија.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Железарница: СКОПЈЕ – ШКУПИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ

Се вчитува...