„Романтичарите“ напролет со нов изглед: Работнички ќе носи дресови од „Јома“

Работнички во наредните две години ќе носи спортска опрема од компанијата „Јома“. Како што информираат од клубот, новите комплети дресови, тренерки, јакни, како и опремата за тренинзи се веќе пристигнати, а капитенот Душко Трајчевски, репрезентативецот Кире Маркоски, напаѓачот Чарлс Гофри и голманот Даниел Божиновски се најдоа и во улога на манекени, за нејзино претставување во јавноста.

Покрај промоцијата, тимот секако продолжува со активностите. Фудбалерите го исполнуваат зацртаниот план за зимски подготовки на тренерот Горан Станковски.

Се вчитува...