„Романтичарите“ победнички се вратија на „Тодор Проески“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Работнички стигнаа до триумф од 2-0 на домашен терен против Воска на враќањето на „Тодор Проески“ арената како дел од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ без поголеми проблеми и рутински со по еден погодок во двете полувремиња се радуваа на нов полн плен во домашната елита. Крсте Велковски од пенал во 31. минута и Гандо во 59. минута беа стрелци за тимот од Дебар маало.

 

Се вчитува...