Романците ги сменија крилата за Македонија

Романскиот селектор Чави Пасквал го објави поширокиот список од 23 ракометари на чии услуги ќе смета за претстојниот бараж за пласман на СП 2019, на кој Романците за противник ќе ја имаат Македонија.

На првата прозивка на 31 мај во Клуж ќе се појават 23 играчи, а најголем проблем за нашиот противник дефинитивно е отсуството на Александар Шимику, асот на Сент Рафаел кој поради тешка повреда предвреме ја заврши оваа сезона.

Клучната разлика во однос на претходните репрезентативни списоци на Романија е на позицијата лево крило, на која Пасквал ги отпиша Негру и Онијекве, на нивно место повикувајќи ги Росу и Венсел.

Се вчитува...