Роналдо брка гол со Баер за да го стигне Раул

Кристијано Роналдо веќе е носител на бројни рекорди во Лигата на шампионите, но вечерва има шанса да стигне до уште еден, доколку постигне гол против Баер Леверкузен.

Португалецот во кариерата има стрелано прецизно против 32 екипи во ЛШ, што е само за една помалку од рекордот што е сопственост на Раул. Тој досега нема одиграно ниту еден меч против „фармацевтите“ од Леверкузен, па денешниот дуел ќе биде идеална можност да стигне до бројката 33 и да се израмни со остварувањето на легендата на „кралскиот клуб“.

Само за споредба, Лионел Меси исто така има постигнато погодоци против 32 различни екипи во Лигата на шампионите.

Се вчитува...