Роналдо е првиот човек кој на „Инстаграм“ стигна до бројката од 200 милиони следбеници (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо е првата личност во светот која на социјалната мрежа „Инстаграм“ стигна до 200 милиони следбеници. Иако во минатото се навикна да урива рекорди поврзани со фудбалот, Роналдо без дилема е планетарно популарен и надвор од рамките на најважната споредна работа во животот. Зад Роналдо се наоѓа познатата американска пејачка, Аријана Гранде која на инстаграм ја следат 173 милиони луѓе, а на третото место е поранешниот „кечер“, Двејн „Д Рок“ Џонсон со 170 милиони следбеници.

Од останатите фудбалски ѕвезди, Меси има 141 милион следбеници, додека на третата позиција е Нејмар со 132 милиони следбеници.

 

 

View this post on Instagram

 

Wow 200 million!!! Thank you to each and every one of you for sharing this journey with me every day!!??❤

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Се вчитува...