Роналдо ги откри најдобрите и најлошите соиграчи: Еден беше премногу лош, но…

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо гостуваше на подкастот која го води уште една фудбалска легенда Ромарио каде говореше на разни теми.

Една од нив беа најдобрите и најлошите соиграчи во неговата богата кариера.

„Најдобар беше Роналдињо во репрезентацијата и Зинедин Зидан на клупско ниво. Зизу имаше многу знаење, но беше различен, многу силен техинички, се правеше да биде едноставно“, изјави Роналдо за најдобрите соиграчи па говореше за најлошите.

„Тоа е помалку тешко, но има еден кој се издвојува. Тој беше многу добар другар, топ личност, но едноставно како фудбалер беше многу лош. Тоа е Томас Гравесен. Покрај тоа што беше лош играчки, многу удираше. Ги масакрираше противниците на теренот, но тоа му беше една од задачите. Кога станува збор за репрезентацијата тоа е Амарал. Тој беше ужасен технички. Се трудеше, трчаше, но техниката му беше лоша“

Се вчитува...