Роналдо го кани Бензема да му се придружи во Јувентус

Кристијано Роналдо побарал од управата на Јувентус да го доведе Карим Бензема, пренесуваат италијанските медиуми. Роналдо верува дека Французинот е идеален напаѓач за тимот на Јувентус. Јувентус имаше проблеми во нападот сезонава бидејќи освен Гонзало Игуаин кој е далеку од врвна форма немаа ниту еден класичен шпиц, па поради тоа Бензема кој имаше одлична сезона во дресот на Реал би бил идеално решение за пополнување на тимот кој во новата година ќе го води Андреа Пирло.

Бензема и Роналдо ја делеа соблекувалната на „Кралевите“ девет години период во кој успеаја четири пати да ја освојат Лигата на шампионите, а по двапати се радуваа на трофеите во Ла лига и Копа дел Реј.

Се вчитува...