„Роналдо го мразат само луѓе кои се љубоморни“

Поранешниот соиграч од репрезентацијата на Португалија на Кристијано Роналдо, Костиња вели дека само луѓе кои што му се љубоморни на aсот на Јувентус можат да го мразат.

„Невозможно е да не го сакате, освен ако не сте љубоморни како луѓе. Цела кариера многу се жртвуваше и навистина сум среќен за се што постигна. Како млад беше фудбалер кој ги почитуваше постарите и секогаш бараше совет како би станал уште подобар. Ако луѓето говорат дека некој е подобар од него, едноставно мора на светот да му покаже кој е тој“, изјави Костиња. 

Кристијано Роналдо и Костиња беа соиграчи во репрезентацијата на Европското првенство во 2004 година во кое Португалија беше домаќин, а во финалето изненадувачки загуби од Грција со 1-0.

Се вчитува...