Роналдо го одби Реал: Не доаѓа на „Бернабеу“ за Ривер – Бока

Кристијано Роналдо нема да дојде назад во Мадрид ниту за да го проследи како гледач мега-дуелот меѓу Ривер плата и Бока јуниорс, што в недела ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“. Португалскиот ас заедно со Лионел Меси беше поканет како специјален гостин на фудбалскиот спектакл, но извори блиски до новиот голгетер на Јувентус тврдат дека тој нема намера да доаѓа назад во домот на својот поранешен клуб.

„Роналдо не доаѓа во Мадрид. Премногу е рано за да се врати назад на „Бернабеу“, затоа и се заблагодари на поканата и соопшти дека нема да го гледа дербито. Односите со клубот му се сериозно нарушени по заминувањето во Јувентус, тоа не е никаква тајна“ – откриваат блиски пријатели на Кристијано за шпанските медиуми.

 Лионел Меси уште пред неколку дена потврди дека ќе присуствува на големиот спектакл во Мадрид, на кој силите ќе ги одмерат двата гиганти од неговата татковина.

Се вчитува...