Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо не сака да го продолжи договорот со италијанскиот калчолигаш Јувентус. Раководството на „старата дама“ му понуди нов и побогат договор доколку се согласи на соработка до 2024 година. Тој сега заработува 31 милион евра годишно, а Јувентус му понуди нов договор со плата од 33 милиони евра по сезона. Но, Португалецот има поинаков план.
Роналдо планира по истекот на актуелниот договор со Јувентус во 2022 година, да ја напушти Италија и да замине во САД. Тој има понуда од новиот клуб на Дејвид Бекам да го носи дресот на Интер Мајами. Таму повторно би се обединил и со Лука Модриќ, сегашниот фудбалер на Реал Мадрид, кој исто така има понуда да се пресели во Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА