Роналдо го „шамараше“ О’Шеј: ВАР и за двајцата не реагираше (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо имаше извонредна вечер во победата од 2-1 на Португалија против Ирска во квалификациите за СП 2022.

Напаѓачот постигна два гола во самиот финиш запишувајќи историски рекорд како најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал со 111 погодоци во 180 натпревари за Португалија. Со тоа го мина Иранецот Али Даеи со 109 гола на вечната листа.

Но, на отворањето на натпреварот Роналдо промаши и пенал за водство на својот тим. Интересна сцена се случи непосредно пред изведувањето на пеналот. Ирскиот фудбалер О’Шеј се одлучи да го испровоцира Кристијано шутирајќи ја топката која беше наместена на пенал-точката. Роналдо реагираше на сето тоа одлучувајќи да испрати „шамар“ кон Ирецот кој пак драматизираше и клекнувајќи на теренот. Но, и за двајцата ВАР не реагираше. Минаа и двајцата без казна, со тоа што Роналдо го промаши пеналот.

 

Се вчитува...