Роналдо го замолкна Париз (ВИДЕО)

Лигата на шампионите е инспирацијата за Кристијано Роналдо. Португалецот постигна голови на сите досегашни мечеви во елитното натпреварување оваа сезона, а не пропушти да ја погоди мрежата на ПСЖ и во Париз. Со неговиот гол, од 51.минута, „кралскиот клуб“ има водство од 0-1 на „Паркот на принцовите“.

Асенсио ја започна акцијата, го проигра Лукас Васкез на левата страна, тој испрати одличен центаршут во петерецот, а Кристијано Роналдо со удар со глава ја закова топката во голот на Ареола.

Се вчитува...