Италијанскиот првак Јувентус ја совлада Болоња на гости со 0-2 и се одлепи на четири бода позитива во однос на Лацио во првиот меч по рестартот на Серија А. Тимот на Маурицио Сари ги разреши дилемите во првото полувреме, а стрелци на головите беа Кристијано Роналдо и Пауло Дибала.
Португалецот беше успешен реализатор на ударот од белата точка во 23.минута, а прекрасен гол за 0-2 постигна Дибала шутирајќи од 16 метри.
Во финишот од натпреварот Јувентус остана со играч помалку поради исклучувањето на Данило. Тој заработи два жолти картони за десетина минути и беше исклучен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА