Роналдо и соиграчите воодушевија: Половина премии за спас на португалскиот фудбал

Кристијано Роналдо уште еднаш потврди дека има големо срце откако ја предводеше иницијативата на португалските фудбалски репрезентативци за помош на аматерските клубови во земјата. Имено, Португалците се откажаа од половина од предвидената премија за пласманот на ЕВРО 2020, препорачувајќи до фудбалката федерација парите да им бидат пренаменети на нисколигашките клубови кои се соочуваат со опасност со згаснување во периодот на коронавирусот.

Станува збор за сума од над 4,5 милиони евра, кои сигурно ќе бидат од огромна помош во обид за финансиска консолидација на помалите клубови, за кои репрезентативците се свесни дека се темелник на фудбалот давајќи им шанса на голем број млади фудбалери да ги трасираат своите кариери.

Португалската Фудбалска Федерација минатата седмица ги прекина сите аматерски лиги без да прогласи првак, а дополнително ќе се изјасни за првенството во елитното друштво, кое според сегашните најави би требало да продолжи во месец јуни.

Се вчитува...