Роналдо имаше што да каже за Меси: Време е…

Лео Меси продолжува да испишува фудбалска историја откако на својот шести мундијалски настап, на првиот меч на СП 2026 стигна до хет-трик притоа уривајќи бројни рекорди.

Комплименти за изданието на аргентинскиот генијалец пристигнуваат од сите страни, а во центарот на вниманието се најде онаа на Бразилецот Роналдо. Според „феноменот“, ова издание на Меси е најдобар доказ дека Аргентинецот е најдобар фудбалер на сите времиња, за крај на вечната дилема и „трката меѓу него и Кристијано Роналдо“.

„Рекордите постојат за да бидат урнати, а нималку не сум изненаден кој ги урива. Впрочем, Аргентина е и актуелен бранител на трофејот. Секогаш кога Меси ќе излезе на терен, се случува нешто историско, нешто елегантно. Време е светот да престане да се залажува и да затвора очи пред вистината  – кој е најдобриот фудбалер на сите времиња. Тој е брилијантен од сезона во сезона, брилијантен е и на ова светско првенство, наспроти сомнежите во него. Ова е незаборавна и историска ноќ која засекогаш ќе остане запишана во книгата на мундијалската историја“, порача Бразилецот Роналдо.

Се вчитува...