Роналдо избегна карантин во Јуве затоа што е во Португалија со болната мајка

Јувентус синоќа, откако потврди дека Даниеле Ругани има коронавирус, соопшти дека постапил согласно законските процедури и е во постапка за ставање на целата екипа во карантин.

Но, во карантин нема да биде Кристијано Роналдо кој повторно отпатувал за родната Мадеира каде веќе неколку денови е со неговата мајка која доживеа мозочен удар. Португалецот требало да се врати во вторникот, но останал малку подолго поради страв од зараза со коронавирусот. Но, како минатата недела го играше натпреварот на кој на клупата беше и Ругани, јасно е дека постои можност и за негова зараза.

„Кристијано Роналдо се уште е во Мадеира и го чека расплетот од кризната ситуација во Италија поради ширењето на коронавирусот“ – соопшти Јувентус.

Португалија, како и Шпанија, исто така почна да забранува летови од Италија.

Се вчитува...