Роналдо израмни во Мадрид, Ливерпул убедлив против Порто

Кристијано Роналдо од пенал во 45.минута донесе израмнување за Реал Мадрид на полувремето од првиот осминафинален дуел во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен што се игра на „Сантијаго Бернабеу“. Претходно, Адриен Рабио во 33.минута ги донесе „светците“ во водство во Мадрид.

Убави шанси за „кралевите“ не реализираа Роналдо и Бензема, а Нејмар беше закана кон голот на „кралскиот клуб“.

Ливерпул има водство од 0-2 на полувремето на гости против Порто. Садио Мане во 25.минута ја погоди мрежата на португалскиот тим, а четири минути подоцна и Мохамед Салах се запиша меѓу стрелците.

Се вчитува...