Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо зборуваше за „Ел Чирингито“ на различни теми.
Најинтересна беше изјавата во која вели дека тој е најдобриот фудбалер на сите времиња.
„Јас сум најкомплетниот играч досега. Да се каже дека Кристијано не е комплетен е лага. Можете да ги претпочитате Пеле, Меси, Марадона, јас го разбирам и го почитувам тоа, но јас сум најдобар“, рече Роналдо.
Роналдо својата најголема трага ја остави во Реал Мадрид со кој освои четири ЛШ. Во кариерата постигна 923 гола, а следна цел е бројката од 1.000 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА