Ливерпул се обидува да го договори трансферот на Бредли Баркола од Пари Сен Жермен.
23-годишниот француски репрезентативец стави до знаење дека не сака да го продолжи договорот со европскиот шампион и е отворен за преселба на „Енфилд“. Ливерпул го следи долго време, но цената што ја постави ПСЖ е многу висока.
ПСЖ е подготвен да го продаде играчот, но Баркола има уште две години од договорот. Затоа, парискиот клуб верува дека обештетувањето од околу 165 милиони евра е реална проценка, врз основа на неговите години, потенцијал и моменталните пазарни трендови.
Ливерпул ќе се обиде да ја намали таа сума преку преговори. Минатото лето, кога првпат воспоставија контакт со неговите претставници, вредноста на играчот беше проценета на околу 90 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
