Роналдо „кидна“ од изолацијата во Лисабон: Најде начин за транспорт, и веќе слета во Торино (ВИДЕО)

Иако позитивен на коронавирусот, Кристијано Роналдо успеа да пронајде начин да се врати во Италија каде ќе ја мине изолацијата.

Беше под знак прашање неговото враќање во Италија, но Португалецот, кој беше со својата репрезентација, успеа да најде начин за враќање во Торино. Плати авион на брза помош и денеска од Лисабон беше префрлен до аеродромот во Торино од каде повторно со возило на брза помош транспортиран до својата вила.

 

Роналдо ќе ги пропушти натпреварите против Кротоне, Динамо Киев и Верона, а доколку на тестот закажан за 21. октомври биде негативен ќе биде подготвен за натпреварот од 2. коло во Лигата на шампионите против Барселона.

Се вчитува...