Роналдо: Мислев дека на 35 години веќе ќе сум со завршена кариера и ќе ловам риба на Мадеира

Кристијано Роналдо синоќа прослави 35 години од животот. Иако е во ветерански години и натаму игра на највисоко можно ниво, во моментов на само три гола заостанување зад водечкиот стрелец во Серија А, Чиро Имобиле.

Роналдо во кариерата освои пет европски шампионски титули, пет Златни топки, оставајќи зад себе бројни рекорди…, нешто за кое ниту самиот не сонувал.

„Кога бев дете, а и потоа на почетоците од професионалната кариера мислев дека со 35 години веќе ќе бидам некој рибар на Мадеира. Не можев ниту да сонувам дека ќе имам ваква фудбалска кариера. Не беше лесно, патот беше тежок, но се исплатеше. Шесто финале во ЛШ? Зошто да не? Јувентус е одличен тим и сигурен сум дека, со малку среќа, можеме до крајот“ – вели Португалецот во интервју за португалската „АБола“.

Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против француски Лион.

Се вчитува...