Роналдо: Не дојдов во Јунајтед да се борам за петто, шесто, седмо место

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо изјави дека не дошол во клубот да се бори за петто, шесто или седмо место.

Роналдо смета дека Јунајтед мора да ја освои лигата или барем да биде во топ 3 на крајот на сезоната, што во моментов изгледа како научна фантастика.

„Манчестер мора да ја освои лигата или да биде во првите три. Не гледам ниту една друга позиција за овој клуб. Не прифаќам нашиот менталитет да биде под трето место. Способни сме да ги промениме работите. Знам начин како тоа да го направиме, но нема да го кажам јавно бидејќи нема да е етички. Не дојдов тука да се бориме за петто, шесто или седмо место“, изјави Роналдо. 

Се вчитува...