Роналдо не се предава – Јуве води против Атлетико

Кристијано Роналдо е решен да не се предаде без борба против Атлетико Мадрид, па Португалецот донесе водство од 1-0 по првото полувреме во Торино, преполовувајќи ја предноста на „јорганџиите“ од првиот натпревар.

Реваншот почна драматично, Кјелини по само неколку минути игра го совлада Јан Облак, но судијата го поништи погодокот поради прекршок од Роналдо над гостинскиот голман. Консултирани беа и ВАР-арбитрите, но судиската одлука не беше променета, па резултатот остана 0-0.

Роналдо сепак дочека шанса и веднаш ја претвори во погодок, Бернардески нафрли во 23. минута, а Португалецот одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и предизвика еуфорија мешу домашните фанови. Португалецот се најде во добра ситуација и за втор гол, но овојпат шутираше крај дирекот.

Најубавата шанса за Атлетико во судиското продолжение од првото полувреме ја пропушти Мората, од идеална ситуација со глава шутирајќи над гредата на Шчешни.

На вториот натпревар веќе нема никакви дилеми, по 45 минути игра Манчестер Сити веќе води со 3-0 против Шалке со головите на Агуеро (два) и Сане.

Се вчитува...