„Роналдо никогаш повеќе нема да игра за Јунајтед“

Еден од најпознатите спортски новинари во Велика Британија, Пирс Морган, е убеден дека Кристијано Роналдо ова лето ќе го напушти Манчестер Јунајтед откако остварил разговор со Португалецот.

Роналдо на 37 години минатото лето на големо се врати во Јунајтед, но клубот од „Олд Трафорд“ немаше добра сезона со него во тимот, не се пласираше во Лигата на шампионите, па Португалецот побара да го напушти тимот по само една повратна сезона.

Јунајтед на подготовките за следната сезона тргна без Роналдо, а Пирс убедува дека Португалецот нема ниту да се врати во тимот и дека веќе речил да го напушти Манчестер.

„Имав контакти со Кристијано во текот на изминатата недела. Малку е веројатно Роналдо да одигра уште еден натпревар за Манчестер Јунајтед. Мислам дека тој е одлучен да си оди“, рече Пирс.

Според новинарот, причината за заминувањето е желбата на Роналдо да освојува трофеи во доцните фудбалски години, што ќе биде тешко да се направи со Јунајтед.

„Ако сте Роналдо и се наоѓате на крајот од вашата кариера, а сепак сакате да освојувате големи трофеи, мора да направите промени“, изјави Морган.

Се вчитува...