Роналдо одбил да игра против Италија

Кристијано Роналдо нема да игра за репрезентацијата на Португалија во дуелот против Италија на 10 септември, објави „Газета дело Спорт“.

Португалскиот ас кој од летово го носи дресот на Јувентус, наводно одбил да игра на претстојните натпревари против Хрватска и Италија во Лигата на нациите, преку која може да се избори пласман на следното Европско првенство.

Италија на 10 септември ќе и гостува на Португалија во Лисабон, но Роналдо одлучил да остане во Торино за да може да тренира со Јувентус. Својата одлука најдобриот португалски фудбалер веќе им ја соопштил и на челниците во Португалската фудбалска федерација.

Седум дена по паузата во клупските натпреварувања, резервирана за репрезентативните активности, Јувентус ќе го игра првиот натпревар од новата сезона во Лигата на шампионите. Роналдо сака да биде максимално подготвен за стартот, свесен дека „старата дама“ чека полни 22 години на титула во најпрестижното клупско натпреварување.

Се вчитува...