ЛШ: Роналдо одново спасител на Јунајтед за еден бод од Бергамо (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед одново се спаси во дуелот со Аталанта. Овој пат Јунајтед не победи, туку освои само бод, благодарение повторно на Роналдо кој во судиското надополнување донесе израмнување 2:2. Аталанта имаше водство, имаше и шанси да поведе и 3:1, и на крајот беше брутално казнет. Исто нешто се случуваше и во првиот меч, а тогаш Аталанта имаше 0:2 на Олд Трафорд, за Роналдо на крај да донесе победа.

Јосип Иличиќ донесе водство за Аталанта во 12. минута, а Јунајтед успеа да израмни преку Роналдо во првата минута од продолжението. Меѓутоа слабата игра во одбрана на Јунајтед повторно ја користи Аталанта, и преку Дуван Запата доаѓа во водство. Иако блиску до офсајд, сепак, ВАР кажува дека нема недозволена позиција, за нова радост во Бергамо во 56. минута. Сепак, Кристијано Роналдо одново спасител на Јунајтед во 92. минута со убав гол за второ израмнување на Манчестер и конечни 2:2 во Бергамо.

Баерн Минхен имаше водство на полувремето со Бенфика од 2:1. Роберт Левандовски погоди  во 26. минута, а потоа Гнабри шест минути подоцна зголеми на 2:0. Намали Фелипе Морато во 38. минута, а потоа домашните промашија пенал за поубедливо водство. Роберт Левандовски не реализираше. Затоа Сане на стартот од вториот дел веднаш постигна убав гол за 3:1 за „Баварците“. Левандовски се извади за утнатиот пенал, па во 61. минута зголеми на 4:1, за Нуњез во 74. минута намали на 4:2. Левандовски погоди по асистенција на голманот Нојер за 5:2.

Јувентус одлично го почна мечот со Зенит, и поведе преку Дибала во 11. минута. Ефектен автогол си постигна Бонучи за израмнување и 1:1, резултат кој беше актуелен на полувремето. Во 58. минута досуден пенал за Јуве, кој во гол го претвори Дибала од втор обид, за водство на тимот од Торино. Федерико Киеза во 73. минута донесе и 3:1 за Јувентус, со што веќе беше решено прашањето на победникот. Алваро Мората во 82. минута само го зголеми водството од 4-1, а Азмун намали на 4:2 што беше конечен резултат.

Со голот на Капу, Виљареал имаше предност по првиот дел над Јанг Бојс. Точка на победата беше ставена во 89. минута со голот на Данјума кога домашните дојдоа до конечни 2:0.

Севилја по 15 минути игра имаше водство над Лил со голот на Окампос. Џонатан Дејвид од пенал успеа да израмни во 43. минута, за Иконе да донесе водство на гостите во 51. минута, резултат со кој се заврши мечот.

Долго време Динамо Киев се „држеше“ против Барселона, за да „пукне“ нивната одбрана во 70 минута кога Ансу Фати ја донесе Барса во водство, и на крајот конечен триумф за „Каталонците“.

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Баерн М. – Бенфика 5-2
Аталанта – Манчестер Ј. 2-2
Динамо К. – Барселона 0-1
Јувентус – Зенит 4-2
Севилја – Лил 1-2
Виљареал – Јанг Бојс 2-0
Малме – Челзи 0-1
Волфсбург – Салцбург 2-1

Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore


Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...