Tелохранителите на Кристијано Роналдо одат во затвор!?

На телохранителите на Кристијано Роналдо им се заканува затвор! Браќата Хорхе и Серхио Рамалиери се најдоа во сериозна неволја бидејќи како припадници на армијата не им беше дозволено да обезбедуваат услуги како приватно обезбедување.

Во август Роналдо ангажираше специјални сили кои се бореа во Авганистан за да се грижат за безбедноста на неговото семејство. Португалските медиуми открија дека близнаците Рамалиери биле дел од специјалната единица која била основана во Ангола во 1962 година.

Проблемот настанал затоа што било откриено дека Хорхе и Серхио се уште се припадници на војската и не им било дозволено да бидат приватно обезбедување. Затоа би можеле да завршат на суд. Во Англија, каде моментално живее Роналдо, приватните безбедносни служби без полициска дозвола се казнуваат со пет години затвор.

Браќата првпат беа видени во друштво на Роналдо и Георгина во август годинава, и од тогаш не се разделуваат од Португалецот.

 

Се вчитува...