Роналдо по 22 години објасни зошто заминал од Барселона во Интер

Бразилецот Роналдо Луис Назарио де Лима е едно од најславните фудбалски имиња во историјата кој остави силна трага каде и да настапуваше, почнувајќи како тинејџер во ПСВ па се до крајот на кариерата. Во само една сезона која ја одигра за Барселона во 49 натпревари постигна 47 гола, но уште повеќе импресионираше со начинот на кој одигра.

Но, веќе по само една година се пресели во Интер шокирајќи го целиот фудбалски свет. Не беше јасно зошто се одлучи на таков чекор. Интер тоа лето во 1997 година го плати 28 милиони евра, што беше светски рекорд.

По 22 години Роналдо објасни зошто заминал од Барселона.

„Во Барселона тогаш не ме ценеа доволно. По одличната сезона ми нудеа нов договор кој навистина беше недоволен. Дојде понуда од Интер и одлучив да ја прифатам. Во Интер покажаа колку ме ценат затоа што навистина ми дадоа се што посакав“ – се потсетува Роналдо.

Се вчитува...