Роналдо постигна еврогол, па истрча да го прослави со Буфон (видео)

Кристијано Роналдо блесна во сиот свој сјај на гостувањето против Џенова, на кое португалскиот ас постигна прекрасен погодок за водство на Јувентус од 0-2.

Дибала ја доведе „старата дама“ во водство, пред Роналдо во голем стил да ја затресе мрежата на Перин, со прекрасен удар од над дваесет метри. Веднаш по голот Португалецот истрча до клупата на Јувентус, прославувајќи го ремек-делото со голманот Џанлуиџи Буфон, кој му даваше најголема поддршка во периодот кога беше критикуван по слабите игри во завршницата од Купот на Италија.

Се вчитува...