Роналдо: Штета за одложувањето… „Дерби Италија“ е со иста моќ како и „Ел Класико“

Јувентус и Интер нема да се соочат овој викенд поради одложувањето на мечот за 13. мај, поради коронавирусот.

Кристијано Роналдо вели дека за него „Дерби Италија“ има иста возбудливост како и „Ел Класико“ во Шпанија. Интересно е дека утре е и мечот Реал Мадрид – Барселона, и тоа во речиси ист термин како и Јувентус – Интер.

„Штета за одложувањето. Јувентус – Интер е меч каков што е и дуелот Реал Мадрид – Барселона. Мечот против Интер е натпревар на кого се радувате, како и оние дуели со Милан и Лацио. Не сме среќни со одложувањето, но за нас останува истата цел и во мај- победа. Здравјето е на прво место, и ако е најдобро вака тогаш тоа е вистинска одлука“ – вели Роналдо.

Се вчитува...