Роналдо промаши пенал, Ребиќ поцрвене, Јуве е прв финалист во Копа Италија (ВИДЕО)

 Јувентус е првиот финалист во Копа Италија, откако вечерва одигра без голови 0-0, против Милан во првиот меч по рестартот на фудбалот во Италија. Првите петнаесетина минути од мечот беа неверојатни. Прво Џанлуиџи Донарума одлично интервенираше и успеа да го одбрани ударот од пенал на Кристијано Роналдо, а само шеесетина секунди подоцна Анте Ребиќ направи огромна глупост и заработи директен црвен картон, откако крвнички го фаулираше дефанзивецот на домаќините Данило. До крајот на првиот дел темпото на игра се намали, со што на полувреме се замина со почетните 0-0.

Во второто полувреме двата тима имаа свои шанси кои не успеаја да ги искористат. Натпреварот заврши 0-0, што значи дека Јувентус пласман во финалето поради ремито од првиот меч на гости од 1-1. Во финалето Јувентус го чека подобриот од мечот меѓу Наполи и Интер кој на програмата е утре. Првиот дуел заврши со победа на „наполитанците“ од 0-1.

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...