Кристијано Роналдо не дебитираше со гол за Јувентус, а „старата дама“ многу потешко од очекувањата успеа да стигне до цел плен на гостувањето против Киево, славејќи со 2-3 со голот на Бернардески постигнат во судиското продолжение. Португалецот се најде во некоолку одлични шанси, но не успеа да се запише меѓу стрелците, но за неговите среќа Јувентус сепак успеа да стигне до трите бода на стартот од сезонава.
Триумфот требаше да биде рутински откако Кедира погоди за 0-1 по само две минути игра, а потоа во следните дваесетина минути „старата дама“ промаши уште неколку стопроцентни шанси. Казната стигна пед крајот на полувремето кога Степински погоди за 1-1, а на стартот од вториот дел Киево направи и целосен пресврт откако Џакерини погоди од пенал.
Јувентус тргна на се или ништо, преку Бонучи израмни на 2-2, а потоа во 88. минута дојде до немили сцени откако „старата дама“ ја смести топката зад гол-линијата, но голманот на Киево остана да лежи, по што му беше укажан помош и едвај беше спречен да не го проголта јазикот Судијата преку ВАР технологија го поништи голот, но Јуве сепак стигна до трите бода благодарение на Бернардески, кој на асистенција на Алекс Сандро ги постави конечните 2-3.
Bernardeschi gol
pic.twitter.com/rActYuSZyr— Juvefc.com (@juvefcdotcom) August 18, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА