Роналдо, прв играч со 100 гола во ЛШ во дресот на еден тим

Португалецот Кристијано Роналдо и вечерва покажа дека е најдобар кога е најпотребно во дресот на Реал Мадрид. Иако нема најдобра сезона во Ла Лига, сепак, тој блеска во Лигата на шампионите. На натпреварот со ПСЖ постигна два гола, стигнувајќи до неверојатен рекорд. Тој е првиот фудбалер кој успеал да стигне до бројката од 100 гола во елитното европско натпреварување во дресот на еден тим. По дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ има 101.

Исто така, Роналдо има постигнато повеќе голови во ЛШ од 118 клубови, од вкупно 137, кои воопшто имаат настапувано во историјата на ова натпреварување.

Се вчитува...