Роналдо руши рекорди: Единствен фудбалер со најмалку 15 гола во 14 едноподруго сезони во Топ 5 лигите

Јувентус успеа да дојде до победа од 2-1 против Парма благодарение само на извонредниот Кристијано Роналдо кој беше стрелец на двата погодоци за „Старата дама“.

Роналдо игра во одлична форма и сезонава, запишувајќи нов европски рекорд откако на вчерашниот дуел стигна до бројката од 16 постигнати погодоци во Серија А сезонава. На тој начин Португалецот се запиша како единствен фудбалер кој во 14 едноподруго сезони запишал најмалку 15 погодоци во некоја од Топ 5 лигите во Европа.

„Некако личните достигнувања сега ги оставам во втор план, а единствената желба ми е да освоиме нова титула со Јувентус, затоа што сезонава има и многу поголема конкуренција. Знаевме дека Интер ремизираше а Лацио дека победа, па беше важно да направиме некоја предност. Беше тешко затоа што Парма организирано се бранеше и такви екипи тешко е да се победата. Сепак, заслужено победивме“ – вели Роналдо.

Се вчитува...