Некои работи никогаш нема да се променат, вечната фудбалска класа, но и самобендисаноста на Кристијано Роналдо. Тој денеска го прославува 35. роденден, а импресивен е фактот дека Португалецот и на оваа возраст игра на највисоко можно ниво, што го прави рамо до рамо со најдобрите, ако не и најдобар фудбалер на денешницата.
Кристијано исто така е познат и по „нарцисоидноста“, што ја потврди и со својата најнова објава на инстаграм профилот, видео од денешниот тренинг со порака „Среќен роденден на мене“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА