Во таборот на фудбалската репрезентација на Португалија е тензична атмосферата пред дуелот со Данска во Лигата на нации и тоа поради најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо.
Португалските медиуми пишуваат дека Роналдо е лут како рис што новиот селектор Жорге Жесус го стави на клупата за резервни играчи во неделниот дуел со Норвешка кој Португалија го доби со 2:1 и тоа како гостин.
Претходно, на стартот од новото издание на Лигата на нации, Роналдо во дуелот со Велс беше дел од првиот тим, но во 67-та минута беше заменет, а додека беше на теренот го имаше промашувањето на кариерата.
🚨 RONALDO HUGE MISS 😱
Cristiano Ronaldo somehow misses from point-blank range for Portugal against Wales 😭 pic.twitter.com/kKYM6O0J3V
— Football on Predict (@FConPredict) September 24, 2026
Кризата во португалскиот табор кулминирала вчера кога Роналдо одбил да тренира со екипата и заминал во хотелот за индивидуално да тренира.
Во обид да се смират тензиите, претседателот на фудбалската федерација на Португалија, Педро Проенса, во вторникот итно отпатувала за Копенхаген.
Според телевизиите „Сиц“ и „ЦМТВ“, Роналдо е незадоволен поради прекршување на наводниот договор од страна на селектотор и кој се однесувал за минутажата која требало да ја има фудбалерот.
Наводно, Жесус не го испочитувал тој договор и на дуелот со Норвешка, предност во првиот тим му дал на Гонзало Рамос, додека Роналдо остана на клупата.
Поголем дел од поранешните фудбалери го осудија однесувањето на Роналдо и порачаа дека селекторот не може да оди од соба во соба и да се договара кој ќе игра, а кој не.
Новинарот на телевизијата „Сиц“, Франсиско Гимараеш смета дека Роналдо повеќе не заслужува да биде капитен на Португалија.
„Роналдо со овој потег покажа дека личните интереси му се пред успехот на репрезентацијата. Навивачите веќе се навикнати на вакви негови реакции, но овој пат ја премина границата и стана вишок во репрезентацијата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
