Роналдо се уште „спие“, но Манџукиќ ја реши Парма

Јувентус ја забележа и третата победа во низа од стартот на новата сезона, триумф во Парма од 1-2, и тоа без помошта на Кристијано Роналдо кој повторно одигра под своите можности и се уште чека на својот прв гол во италијанскиот фудбал.

За среќа на „старата дама“, расположен вечерва беше Марио Манџукиќ, кој со гол и асистенција ја предводеше својата екипа до нов триумф. На Хрватот му беа доволни помалку од две минути за да го отвори резултатот, но потоа Јуве прерано почна да тактизира, па Парма израмни со погодокот на Жервињо.

Вториот дел донесе поинаква слика на теренот, Јувентус повторно доминираше, а иницијативата вроди со плод кога Матуиди погоди со силен удар од десетина метри, по одличното додавање „со пета“ на Манџукиќ.

Се вчитува...